Мурињо никогаш во кариерата немал толку лош биланс

Тотенхем го загуби вчерашното лондонско дерби од Вест хем и сега падна на деветото место во Премиер лигата. Тимот на Жозе Мурињо игра очајно, посебно во последните 12 меча од првенството, во кои има биланс од три победи, две нерешени и седум порази. Колку за споредба, Тотенхем во првите 12 средби сезонава имаше седум победи, четири нерешени и само еден пораз и тогаш беше лидер во првенството. Сега тимот е на деветото место и е далеку од позициите кои водат кон излез во Лигата на шампионите.

За тоа колку Мурињо има слаб биланс во Тотенхем, покажуваат и бројките. По 50 меча во првенството како тренер на Тотенхем, Мурињо освои само 81 бод. Во споредба со сите останати клубови кои ги водел, португалскиот стратег имал многу подобри биланси.

Како тренер на Манчестер во првите 50 меча освои 95 бодови, Во Интер имаше освоено 113 бодови за 50 средби, а во првиот ангажман во Челзи освои 114 бодови од 50 средби. Како предводник на Реал, Мурињо во првите 50 меча освои 123 бодови, а во истиот период со Порто на контото имаше 124 бодови. Најдобриот биланс го имаше кога по вторпат седна на клупата на Челзи, кога освои 126 бодови во првите 50 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести