34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Мурињо објасни зошто е подобро да игра во Лига на Европа, отколку во Лига на шампиони

Турскиот гигант Фенербахче доживеа нов неуспех, откако повторно не успеа да се пласира во групната фаза од Лига на шампиони. Во плејофот за влез меѓу најдобрите 36 екипи во Европа, Фенербахче во двомечот со Бенфика загуби со 1:0.

Тоа значи дека Фенербахче ќе игра во групата од Лига на нации, кое е второ по ранг натпреварување на УЕФА. И покрај неуспехот да биде дел од елитните екипи, тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо има позитивно размислување околу целата ситуација.

Португалецот вели дека од натпреварувачка гледна точка, подобро е неговиот тим да е дел од Лига на нации, а потоа и објасни зошто е тоа така.

„Ако се пласиравме во во Лига на шампиони, веројатно ќе одигравме само осум меча. Вака, во Лига на Европа може да стигнеме дури до финалето“, рече Мурињо по синоќешниот пораз од 1:0 на гостувањето во Португалија.

- Оглас -

Најнови вести