Мурињо објасни зошто провоцираше: Ми го навредуваа Интер

Манчестер јунајтед со два гола во последните четири минути стигна до победа од 2-1 против Јувентус во Торино. Триумфот на „црвените ѓаволи“ остана во втор план, и тоа благодарение на реакцијата на Жозе Мурињо по мечот. Тренерот на гостите во свој стил успеа дополнително да ја вжешти атмосферата и да ги налути домашните фанови, кои не можеа да веруваат дека нивниот омилен тим водеше со 1-0, а на крајот загуби.

Мурињо ја стави раката на увото провоцирајќи ги фановите на Јувентус дека повеќе не може да ги слушне ништо што зборуваат.

„Во текот на сите 90 минути ме провоцираа. Дојдов тука за да си ја работам својата работа и ништо повеќе. На крајот никого не навредив, само сакав да ги слушнам уште посилно да викаат. Веројатно тоа не требаше да го направам, и ако бев со „ладна глава“, сигурно немаше да го направам. Но, ја навредуваа мојата фамилија, вклучувајќи го тука и моето семејство Интер. Затоа морав така да реагирам“, рече Мурињо, кој во 2010 година како стратег на Интер стана првак на Италија, но ја освои и Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Што се однесува за дуелот против Јувентус, Португалецот резимираше: „Одигравме фантастичен меч, на нашето највисоко ниво. Успеавме да победиме бидејќи игравме многу добро. До самиот крај ја посакувавме победата и успеавме“, додаде Мурињо, кој повторно е во центарот на вниманието, и тоа поради неговото однесување.

 

- Оглас -

Најнови вести