Мурињо објави клип и порача: Ова треба да го види целиот свет (Видео)

Фенербахче со 3:2 славеше на гостувањето кај Трабзонспор, и тоа со погодок постигнат во 90+8 минута. Турскиот гигант губеше со 2:1, но во последните 20-тина минути со голот на Един Џеко прво стигна до 2:2, а потоа следуваше и погодокот на Амрабар за победа со 3:2.

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, беше пресреќен за триумфот, но и многу лут на судиите кои според него, го оштетиле неговиот тим. Португалскиот стратег по мечот најмногу се лутеше на ВАР-судијата и побара тој веќе никогаш да не биде делегиран на дуелте на Фенербахче.

„Човек на натпреварот беше судијата во ВАР-собата. Не го видовме на терен, но како невидлив човек успеа да стане најважниот човек на натпреварот. Веројатно спиел или пиел чај наместо да гледа што се случува. Не го сакаме овој судија. Не го сакаме ни за ВАР-судија ни за теренски судија. Ми кажаа многу работи пред да дојдам овде, но не верував. Беше полошо отколку што ми беше кажано. Играме и против системот. Ги обвинувам и луѓето од Фенербахче кои ми кажаа само половина од приказната. Да ми објаснеа сè, немаше да дојдам“, рече Мурињо по мечот, а потоа вети дека на социјални мрежи ќе објави видео со кое ќе ги поткрепи неговите обвинувања кон судијата.

Мурињо на „Инстаграм“ објави видео на кое арбитрите не судат пенал за Фенербахче, а пораката на Португалецот беше: „Гледајте и смејте се. Ако ви се допаѓа, гледајте го целиот меч бидејќи смешните ситуации не завршуваат со овој клип.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

- Оглас -

Најнови вести