Мурињо одбил „милион“ понуди, но од четирите клуба кои чекал да го побараат, немало повик

Жозе Мурињо и во новата сезона е без тренерски ангажман. Португалецот работи како фудбалски аналитичар, но го нема на клупата на некој тим. Иако се очекуваше во летниот преоден рок да се најде клуб кој ќе биде предизвик за Мурињо да го води, тоа не се случи.

Специјалниот одбил многу понуди од голем број на клубот меѓу кои се Бенфика, Милан, Монако, Лил, Шалке… Сето тоа било затоа што Мурињо очекувал да биде назначен за нов тренер на Реал Мадрид. Португалецот беше тренер на Реал во периодот од 2010 до 2013 година, но мораше да си замине откако ги влоши односите со поголем дел од ѕвездите во тимот.

Освен за во Реал, Мурињо чекал понуда и од ПСЖ, Јувентус или Баерн Минхен, но и овие европски гиганти го заобиколија Жозе, кој останува да биде аналитичар и да ги коментира игрите и резултатите на големите клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести