Жозе Мурињо речиси четири месеци наместно тренер, работи како стручен аналитичар и коментатор на една телевизија. Поради слабите резултати, португалскиот стратег доби отказ од Манчестер јунајтед во декември минатата година и уште не се знае каде ќе ја продолжи тренерската кариера. Мурињо вели дека е подготвен повторно да работи во некој клуб и точно знае каде сака да биде менаџер.
„Три и пол месеци сум без работа и сега сум подготвен повторно да се вратам на клупата. Кога сте во светот на фудбалот, од многуте обврски, немате време за себе. Изминативе неколку месеци ги искористив за да ги наполнам батериите“, вели Мурињо, кој открива дека досега имал понуди од три-четири клубови, но дека тој точно знае каде сака да биде тренер.
„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневната работа и планирам да се вратам летово, на почетокот на новата сезона. Точно знам што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не сакам да го откривам името на клубот, но точно знам кој тип работа и кој стил на клуб сакам и се надевам дека ќе ја добијам работата“, рече Мурињо.
Во изминатиот период, Мурињо често се поврзуваше со враќање во неговиот поранешен клуб Интер, со кого стана и европски првак.