Мурињо одлучи, сака да работи во Франција

Веќе два месецa Жозе Мурињо е надвор од фудбалскиот свет. По добивањето отказ во Манчестер јунајтед, португалскиот стратег молчеше околу тоа што би било негова иднина, а сега реши да проговори.

Мурињо е подготвен да „покори“ ново првенство и верува дека најдобро за него е да биде тренер во Франција.

„Би сакал да работам во Франција. Досега сум работел во четири земји и секогаш сакам да запознавам нови култури. Фантастично доживување е да работиш во ново првенство. Сега за сега сум мирен. Уживам во животот со семејството и пријателите, а само чекам момент кога ќе се вратам во фудбалот“, вели Мурињо, кој во кариерата бил тренер во Португалија, Англија, Италија и Шпанија, што значи дека од топ 5 лигите единствено не работел во Франција и Германија.

Кога веќе спомна дека Франција е неговата следна дестинација, прашање е дали постои некој друг клуб освен Пари Сен Жермен во кој би работел Мурињо. Засега на клупата на „светците“ одлично работи Томас Тухел. ПСЖ во првиот меч од осминафиналето во ЛШ со 2-0 на гости го победи екс тимот на Мурињо, Манчестер јунајтед, и е на прагот за влез во четврт-финалето на елитната лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести