Жозе Мурињо по многу работи е уникатен во светскиот фудбал. Тој е првиот и засега единствен тренер кој може да се пофали за освоени трофеи во Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига. Повеќе од 20 години Португалецот работи на врвно ниво и ги предводеше дел од најдобрите клубови во Европа, а сега е на клупата на Фенербахче
„Го сакам фудбалот, си ја сакам работата. Во кариерата сум имал многу интересни ситуации, а се каам само за две. Едната од тие е кога на Флорентино Перес му реков „Не“. Тој ми кажа: Мурињо не си оди сега. Заврши многу тешка работа, сега започнува најубавото. Знаев дека е во право, но едноставно сакав да се вратам во Челзи, откако поминав три сезони во Шпанија. Втората грешка ми беше кога не го одбрав вистинското време да си заминам од Рома. Тоа требаше да го направам по поразот во финалето во Лигата на Европа во Будимпешта, кога загубивме од Севилја на пенали. Не го направив тоа и згрешив“, вели Мурињо.
По загубеното финале во Лигата на Европа, што е прво загубено финале за Мурињо во историјата, Португалецот остана на клупата на Волчицата уште шест месеци, а потоа доби отказ.
Една од следните цели на Мурињо е да биде селектор на репрезентацијата на Португалија.