Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, полека го создава тимот за новата сезона. Португалскиот стратег веќе неколку дена интензивно работи, па веќе направил селекција на оние кои треба да си заминат во овој преоден рок.
Меѓу отпишаните фудбалери се најде и некогашниот шпански репрезентативец Педро Родригес. Искусниот 33-годишен напаѓач во својата кариера ги има освоено сите најзначајни трофеи, но сепак неговото искуство нема да му биде од голема корист на Мурињо.
Педро има уште две години од договорот со Рома, според кој годишно заработува три милиони евра.