Екипата на Рома има катастрофален старт на сезоната во Серија А. Римската волчица по седум првенствени кола е на 13-тата позиција само со осум бода. Договорот на Жозе Мурињо со Рома истекува на крајот од оваа сезона, па доколку продолжат ваквите резултати, Португалецот сигурно дека нема да остане во Рим.
„Не сум скромна личност и се согласувам со луѓето коишто го велат тоа. Но имам и некои достигнувања во кариерата. Ја освоив Лигата на шампионите со Порто, што е огромно достигнување, со девет Португалци во првиот тим во финалето, со седуммина играчи коишто немаа играно во Лигата на шампионите до таа сезона. Бев среќен бидејќи можев да работам во големи клубови. Го освоив европскиот трофеј со Манчестер јунајтед, истото и со Рома. Генијален професор на универзитетот ми рече дека нема да бидам тренер на фудбалери, туку на луѓе коишто играат фудбал. Нема тајни. Имам емпатија за луѓето коишто работат со мене. Емпатијата значи и дека сте критични, отворени, искрени, но и дека барате одредени работи од играчите“, вели Жозе Мурињо.