Мурињо пикираше играч кој има над 400 меча за Реал Мадрид

Жозе Мурињо имаше неуспешна сезона на клупата на Фенербахче, затоа што во клупските витрини не беше донесен ниту еден трофеј. Португалскиот стратег сега прави планови за новата сезона, во која, секако, сака да доведе неколку нови играчи.

Еден од оние кои се на листата на желби на Мурињо е Лукас Васкес. Искусниот 33-годишен офанзивен крилен играч ќе си замине од Реал Мадрид по завршување на Светското клупско првенство.

Васкес е „дете“ на Реал Мадрид. Од 2007 до 2015 година играше за младинската школа, потоа за Реал Мадрид Ц, па Реал Мадрид Б екипата, за да биде една сезона и на позајмица во Еспањол. Од 2015 година игра за Реал и има над 400 меча за Кралскиот клуб. Во последната сезона одигра над 50 меча, но неговиот договор истекува ова лето и може да си замине како слободен играч.

Мурињо верува дека токму Васкес би бил идеално решение за десната страна на тимот, а турскиот гигант веќе подготвува понуда за искусниот играч кој знае како се освојуваат трофеи.

- Оглас -

Најнови вести