Мурињо по 25 години се врати на местото каде што ја започна тренерската кариера

Легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо ќе го предводи тимот на Бенфика откако се согласи да потпише договор до јуни 2027 година. Мурињо неодамна доби отказ од тимот на Фенербахче, но брзо најде нов ангажман, и тоа во родната земја.

Интересно е дека Мурињо првата самостојна тренерска работа ја имаше точно пред 25 години и тоа токму во Бенфика. Сега, четврт век подоцна, Мурињо повторно се враќа на клупата на гигантот од Лисабон.

Бенфика остана без тренер откако Бруно Лаге доби отказ по шокантниот пораз од Карабах (2:3) во вторникот, во првото коло од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести