15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Мурињо по повеќе од една деценија се врати на „Џузепе Меаца“, а дочекот беше шампионски (Видео)

Интер се пласира во полуфиналето на Купот на Италија откако синоќа на својот „Џузепе Меаца“ со 2:0 ја победи Рома. Един Џеко уште во втората минута ја најави победата на домаќините, а Алекси Санчес со прекрасен гол во 68-мата минута погоди за 2:0, но мечот го одбележа враќањето на Жозе Мурињо во Милано.

Португалскиот стратег, кој сега е тренер на Рома, по повеќе од 10 години повторно се врати на „Џузепе Меаца“. Тој беше тренер на Интер во сезоната 2009/2010, кога Нераѕурите ја имаа најуспешната сезона. Беа шампиони на Италија, го освоија Купот, а се радуваа и на трофејот во Лигата на шампионите.

Токму затоа Мурињо беше пречекан како да е дома на „Џузепе Меаца“.

„Можам само да се заблагодарам на тоа како бев дочекан и да порачам дека мојот однос со Интер останува вечен“, рече Мурињо по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести