Рома е на прагот од влезот во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА откако со 2:1 победи на гости кај Трабзонспор. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а тимот предводен од португалскиот стратег Жозе Мурињо се радуваше на крајот.
За разлика од Римската волчица, Тотенхем, кој е поранешен клуб на Мурињо, загуби на гости во Португалија кај Фереира. Лукас Силва погоди во последната минута од првото полувреме и тој гол на крајот беше доволен за победа, пред реваншот во Лондон.
ПАОК и Риека одиграа 1:1, а Базел со 3:1 славеше над Хамерби. Еден од најнеизвесните мечеви одиграа Андерлехт и Витесе, кој заврши 3:3, а домаќините промашија пенал за победа во 95-тата минута. Францускиот Рен со 2:0 го победи Розенберг, а Феенорд беше најубедлив и со 5:0 се радуваше против Елфсборг.
Најпријатното изненадување во ова коло го приреди Линколн од Гибралтар. Шампионот на Гибралтар одигра 1:1 на гости кај Рига и сега е на чекор од тоа да стане првиот клуб од оваа земја што успеал да се избори за место во групната фаза од натпреварување на УЕФА.