Жозе Мурињо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да ја прифати понудата на Фенербахче, а сега по разделбата со турскиот гигант подготвува уште поголемо изненадување. Португалецот е пред преселба во Русија, чиј Фудбалски сојуз е под суспензија од УЕФА и ФИФА поради војната во Украина, па екипите од оваа земја и воопшто не играат во европските натпреварувања.
Според руските медиуми, „специјалниот“ веќе ги соопштил своите финансиски услови, а тоа е 20 милиони евра годишно за целиот стручен штаб и договор на најмалку две години.
Во моментов не е познато со која екипа конкретно преговара, но во преден план се московските ривали Спартак и ЦСКА, како и Зенит, но не е исклучено да се работи и за некоја од помалите екипи, кои слично како и „големите“, финансиски добро стојат.