Мурињо поразен на јубилејниот 100-ти натпревар на клупата на Рома

Фудбалерите на Аталанта му го расипаа јубилејот на Жозе Мурињо и ја совладаа неговата Рома во последниот натпревар од 31-вото коло во Серија А.

На 100-тиот натпревар на Мурињо како тренер на Римската волчица, Аталанта славеше со 3:1 и се врати во игра за освојување на четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Аталанта по триумфот има 52 бода, додека Рома остана на делба на четвртото место со 56 освоени бодови.

Резултатот го отвори Марио Пашалиќ со голот во 39-тата минута, а во 74-тата минута Толои ѝ донесе водство од 2:0 на Аталанта.

https://twitter.com/i/status/1650597992452202520

Рома преку Лоренцо Пелегрини во 83-тата минута се врати во игра, но во следната минута Копмеинерс по грешката на голманот Руо Патрисио ја завери победата на Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести