Мурињо: По ова во Торино, веќе нема да го критикувам теренот на „Олимпико“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, беше незадоволен од резултатот 1-1 на гостувањето кај Торино, а го коментираше и теренот на стадионот во Торино.

„Не е лесно да се игра на ваков терен и да се креираат многу шанси. По ова што го видов тука, се колнам дека веќе нема го критикувам нашиот терен во Рим. Нашиот терен е како модна писта во споредба со овој“, рече Мурињо, кој додаде дека пласманот на Рома на табелата во моментов е лош, но нема да биде така во декември и дека очекува да се искачат погоре.

Според фотографиите и снимките, не делува дека теренот во Торино е катастрофа, или можеби критериумите на Мурињо се многу строги. Којзнае тој што би кажал да видеше во каква состојба е теренот на најголемиот стадион во Македонија.

https://twitter.com/i/status/1705988919861400051

- Оглас -

Најнови вести