24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мурињо: Поставив личен рекорд

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, на „Инстаграм“ се пофали дека поставил личен рекорд од 40 дена без да даде интервју. Мурињо ужива во работата во Италија и со нетрпение го чека стартот на Серија А во претстојниот викенд.

„Насмеан сум бидејќи поставив рекорд од 40 дена без дадено интервју. Си поминувам убаво бидејќи сум фокусиран на работата и подзаборавив на моите пријатели од медиумите. Денеска беше денот кога повторно се сретнав со новинари, дадов интервју за сајтот на Рома, а интервјуто ќе биде објавено утре. Искрено, ништо интересно нема во интервјуто. Ги сакам новинарите, многу ми фалеа“, напиша Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести