Во Топ 5 лигите во Европа веќе нема екипи кои се без победа сезонава, конечно и Кремонезе по 23 меча без триумф, во 24-тиот успеа да победи во Серија А, и тоа со 2-1 против Рома, тим кој се бори за место во Лигата на шампионите.
Сензацијата во Кремона ја донесе Чофани од пенал во 82-рата минута. За Кремонезе ова е прв триумф во Серија А по пауза од 27 години. По оваа победа, Кремонезе се искачи на претпоследното место на табелата, сега „фенерот“ е кај Сампдорија.
Домашните водеа на полувреме со 1-0, на стартот на вториот дел Жозе Мурињо поради кавга и навреди кон судијата, доби црвен картон, што е трето исклучување за Португалецот сезонава. Тоа малку ја размрда Волчицата, која изедначи, но не само што не направија пресврт, туку примија уште еден гол и ќе мора да се носат со срамот дека засега се единствен тим кој загубил од Кремонезе.
Ciofani scores from the penalty spot. Cremonese retake the lead vs Roma!#CremoneseRoma
— Reyi (@Reinaldodcg9) February 28, 2023