Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, настрада на денешниот тренинг на турскиот тим. Фудбалерите беа поделени во две екипи и играа на средината на теренот, а Мурињо ненадејно беше фаулиран од играчот за врска, Исмаил Јуксек.
Тренерот остана да лежи на тревата, па мораше да реагира и лекарската екипа. Оваа необична ситуација беше снимена, а Мурињо ја објави на социјалните мрежи и напиша „Порака за младите тренери. Никогаш не носете исти бои како играчите. Може да ви ја додадат топката или да ве удрат од зад грб“, беше пораката од Мурињо, кој сепак овој инцидент го прифати во шеговит стил.
View this post on Instagram