Мурињо повторно ќе „фрла оган“ врз судиите бидејќи не свирнаа пенал за Рома пред мајсторскиот гол на Дибала (ФОТО+ВИДЕО)

Со сигурност може да очекуваме жестоки напади од страна на Жозе Мурињо кон главниот судија Давиде Маса, кој со своите помошници ја дели правдата на дербито меѓу Рома и Јуве.

По првото полувреме резултатот е 1:1 откако домаќините преку Абрахам поведоа во 11-та минута, додека Јуве со мајсторскиот гол на Дибала израмни во 18-та.

Сепак, само неколку мигови претходно, се чини дека имаше пенал за Рома, откако Де Лихт играше со рака во својот шеснаесетник, но, претходно топката се одби од неговата нога.

Објаснувањето на судијата беше дека поради одбивањето од нога, нема пенал, но во безброј пати сме виделе како ова се суди на натпреварите.

- Оглас -

Најнови вести