Вечерва ќе биде означен почетокот на новата сезона во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа. Екипата на Рома на стартот гостува кај шампионот на Молдавија, Шериф Тираспол, а минатата сезона ја заврши со пораз во финалето од Севиља.
Сепак, така не мисли и тренерот на Римската волчица, кој пред две сезони ја освои Конференциската лига, а минатата стигна до ново финале.
„Ќе продолжам да го кажувам тоа сè додека сум тренер – не го загубивме финалето на Лигата на Европа против Севиља. Не го загубивме финалето во Будимпешта и нема да се премислам“, вели Мурињо.
Жозе Мурињо по финалето, жестоко ја критикуваше арбитражата на англискиот судија Тејлор, за што доби забрана да ја води Рома на четири натпревари.