Мурињо предизвика навивачки земјотрес во Истанбул (ВИДЕО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е нов тренер на Фенербахче. Тој дојде во Истанбул и беше пречекан на величенствен начин, предизвикувајќи вистински навивачки земјотрес кај фановите на овој тим.

Илјадници навивачи на Фенербахче дојдоа да го поздрават „Специјалниот“, кој има мисија да ја врати титулата во витрините на клубот, а недостасува веќе десет години.

„Веднаш ја чувствувам вашата голема љубов. Затоа е пред мене голема одговорност и ви ветувам дека од овој момент сум дел од големото семејство, а овој дрес е мојата кожа. Фудбалот е страст и нема подобро место за мене за да ја почувствувам таа страст“, изјави Жозе Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести