Мурињо против Интер е топ-предизвик да се учествува во 16-тото коло на Спортска прогноза

Жозе Мурињо за првпат ќе ја предводи Рома од клупата против Интер, тим со кој приреди подвиг во 2010 година и ја освои популарната триплета, Скудетото, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Дербито на 16-тото коло во Серија А е и дерби во 16-тото коло на Спортска прогноза и голем предизвик да се учествува и да се погоди исходот заедно со уште 12 натпревари во трката за „ајфон12“.

Ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, во сабота од 18 часот, а на менито на популарната Тринаесетка има уште многу исклучително интересни дуели.

Само половина час подоцна ќе се игра популарниот „Дер Класикер“ во Бундеслигата меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Германското дерби веќе има интересна предигра, откако домаќините продадоа 67 илјади билети, па ги повлекоа поради новиот бран на ковид-19 и мечот ќе се игра без публика.

Во сабота ќе треба да се погодат пет натпревари, а првиот ден од викендот завршува со уште едно дерби меѓу Наполи и Аталанта.

Во недела уште 7 меча од Топ-5 лигите се задача за прогнозерите да се погодат во трката за прекрасниот мобилен телефон „ајфон12“, а ако има учесници со 12 погодоци со последниот дуел меѓу Селта и Валенсија од 21 часот, ќе се чека убавата премија во понеделник на последниот натпревар од 16-тото коло на Спортска прогноза меѓу Калјари и Торино од 20.45 часот.

Веќе е познато дека Спорт Манија и Sport Life како организатори на бесплатната игра доделуваат награди и за прогнозерите што ќе промашат еден или два натпревари.

Со една утка ви следува ваучер од 1.000 денари што може да се одигра во Sport Life, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

Рекордот е во 14-тото коло од оваа сезона, кога вкупно беа доделени неверојатни 99 ваучери во вкупна вредност од 52.500 денари.

Тоа е само потврда дека треба да се игра со бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life, а единствен услов е да имате СЛ картичка.

И таа е бесплатна и може во многу краток рок да се добие на сите уплатни места на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести