Мурињо рекордер: 50 победи на 77 меча во Серија А

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој летово стана тренер на Рома, вчера на мечот со Фиорентина, кој Волчицата го доби со 3-1, стана тренер кој најбрзо стигнал до 50 победи во италијанската Серија А откако победата се вреднува со три бода. Жозе има 50 триумфи на 77 меча и тоа е рекорд во Италија, ниту еден друг тренер во историјата немал ваков биланс.

Пред да работи во Рома, Мурињо го водеше Интер од 2008 до 2010 година.

Мурињо има одлични бројки и во другите лиги каде што исто така ги држи рекордите. Во Премиер лигата, до 50-тата победа дојде по 63 меча на клупата на Челзи, а во шпанската лига во Реал Мадри само по 62 меча имаше 50 победи.

- Оглас -

Најнови вести