Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, изјави дека сака да ја води репрезентацијата на својата родна Португалија, и тоа по можност на Светското првенство во 2030 година кое ќе се одржи во Шпанија, Мароко и Португалија како главни организатори, а по еден меч ќе се игра и во Уругвај, Аргентина и Парагвај.
„Сакам да одам на Светското првенство или со португалската репрезентација или со друга земја. Но, мислам дека треба да биде Португалија! Не ѝ предлагам на Португалската фудбалска федерација, сè мора да се случи природно. Еден ден ќе се случи!“, изјави Мурињо.