Мурињо сака да тргне со победа, но посигурно е дека ќе има голови

Тотенхем – Евертон (17:30 ч.)

Жозе Мурињо секогаш сакал неговиот тим да стартува со победа, но Евертон е ривал кој мора да се респектира. Карамелите доведоа неколку квалитени засилувања, но прашање е дали тие се доволно добро вклопени во играта на тимот од Ливерпул.

Тотенхем е фаворит, а кога играат овие екипи секогаш се очекува интересен дуел со погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.90)

 

Гронинген – ПСВ Ајндховен (21 ч.)

Холандското првенство беше едно од ретките кои не се доиграа поради пандемијата со Коронавирусот. Во последното коло од минатата сезона, Гронинген на 8 март дома играше против ПСВ и загуби со 1:0.

Сега на стартот од новиот шампионат, повторно е иста ситуација. Гронинген е домаќин на ПСВ, а гостите пак се фаворити. Осум победи и пет нерешени има тимот од Ајндховен со денешниот ривал.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Валенсија – Леванте (21 ч.)

Градско дерби кое на последните шест лигашки дуели и двете екипи постигнувале погодоци, а дури четири пати било и 4+ во овој период. Домаќините ја имаат улогата на фаворит, а тоа го покажува и традицијата која вели дека во последните 10 меѓусебни дуели.

Лилјаците имаат пет победи, четири меча завршиле нерешено, а еднаш само победил Леванте. Играње на голови треба да е добра опција

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

Трабзон – Бешикташ (19 ч.)

Дуел на две екипи кои ќе се борат за висок пласман во турското првенство. Табзон е еден од ретките клубови кој може да се пофали дека нема проблем да ја тресе мрежата на гигантот од Истанбил.

На шест од последните седум меѓусебни дуели, Трабзон постигнува барем по два гола на меч. Во овие седум меча шест пати било ГГ 3+, што значи дека се игра отворено и со погодоци.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.83)

 

Монако – Нант (17 ч.)

Двете екипи започнаа добро и по првите две кола освоија по четири бода. Монако е фаворити, а тоа го покажува и фактот дека ги добил последните четири средби со овој ривал.

Само на две од последните 11 дуели на овие екипи имало повеќе од три погодоци, што само е потврда дека се игра тврдо и неизвесно.

Предлог тип: 1&0-3 (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести