22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Мурињо сака во Фенербахче да донесе ѕвезда на Барселона

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, посакува нападот да го засили со Ансу Фати од Барселона.

Мурињо сака да изгради свој тим во турскиот клуб, а еден од играчите по негов вкус е и Фати, кого го сметаат за непотребен во Барселона. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Брајтон.

Според информациите, Каталонците би го продале Фати, но тој има договор до 2027 година и за Фенер поприфатлива е позајмица.

Барселона најверојатно ќе го задржи Фати барем до крајот на претсезонската турнеја во САД, на која тимот ќе се соочи со Манчестер сити, со Реал Мадрид и со Милан, а потоа ќе се решава што со него.

- Оглас -

Најнови вести