По 25 години, Жозе Мурињо повторно се врати да биде тренер на Бенфика и тоа го направи со стил. На гостувањето кај АФС, Бенфика славеше убедливо со 3:0.
Веднаш по мечот, Мурињо беше запрашан дали би бил селектор на Португалија, нешто што со години наназад се најавува.
„Размислувам за тоа да бидам селектор на Португалија. Се надевам дека еден ден ќе ми се исполни таа желба и ќе го предводам националниот тим. Сепак, сега сум тренер на Бенфика“, рече Мурињо, од кого се очекуваат трофеи сезонава.