27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Мурињо: Само еден спорт никако не можам да го разберам

Жозе Мурињо по 11 години пауза, повторно се врати да работи во Италија. Од следната сезона ќе биде предводник на тимот на Рома. Португалскиот стратег зборувајќи за фудбалот, откри дека ги сака сите спортови, освен еден.

„Целосно сум опкружен со спортот. Ги сакам Олимписките игри, сакам Формула 1, зависен сум од тенисот, но постои еден спорт кој никако не можам да го разберам. Крикетот. Додека работев за Боби Робсон, никако не можев да разберам како може толку да биде вљубен во тој спорт. Не разбирам ни денес што толку има во тој спорт“, вели Мурињо.

Мурињо со легендарниот Робсон има работено заедно во Спортинг, Порто и во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести