20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Мурињо: Само еден тренер на светот е задоволен од составот што го има

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, се пошегува дека единствен тренер на светот кој може да биде целосно задоволен од составот што го има на располагање е неговиот колега Маурисио Покетино од ПСЖ.

До крајот на преодниот рок останаа уште шест дена, а Мурињо даде свое мислење околу тоа дали му треба уште некој играч во средниот ред за комплетирање на составот.

„Можно е и некој да дојде, и некој да си замине, иако во моментов поверојатно е да има заминувања. Дали знаете некој тренер што е целосно задоволен со составот што го има? Можеби Покетино, но никој друг“, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести