Мурињо се „камуфлираше“ на тениски меч во Рим, но сите го препознаа

Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо, кој работи како тренер на Рома, го искористи слободното време да посети еден тениски натпревар во Рим на кој играше негов сонародник.

Мурињо беше поддршка за Жоао Соуза во квалификациите за Мастерсот во Рим. Иако се обидуваше да се сокрие со покривање на главата и не седеше во ложата во „Форо Италико“, камерите сепак го фатија Мурињо.

Рома утре гостува кај Фиорентина и прашање е дали Мурињо и денеска ќе се појави на трибините да гледа тенис.

- Оглас -

Најнови вести