Мурињо се насмеа, голот на Винисуис откри неверојатна дупка во нападот на Тотенхем

Жозе Мурињо се насмеа по дебаклот од Динамо Загреб и елиминацијата во Европа Лигата, а вечерва неговите избраници лесно ја победија Астон Вила со 2:0 во меч од Премиерлигата.

Првиот гол на мечот што го постигна Бразилецот Карлос Винисиус отрки една неверојатна статистика и тоа е првиот погодок на класичен шпиц на Тотенхем од 2019 година, а да не е дело на Хари Кејн.

Токму најдобриот играч на клубот од Лондон ја запечати победата на својот тим, со погодок од пенал во 68. минута. За Кејн тоа е 17-ти гол сезонава во Премиерлигата за делба на првото место на листата со најдобри стрелци, заедно со Мохамед Салах од Ливерпул.

Тотенхем е на шесттото место со 48 бода, а Астон Вила остана на 10. место со 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести