30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мурињо се навикна да гледа како неговиот тим прима евроголови во ЛЕ (видео)

Тотенхем во овие моменти има поволен резултат од 2-1 против Макаби Хаифа, со кого може да обезбеди пласман во групите од Лигата на Европа, но Жозе Мурињо не може да биде задоволен по примениот гол во Лондон.

Во ситуација кога Петлите водеа со 1-0, Чери изведе мајсторија од околу 25 метри и со еврогол го обеси Харт. За Тотенхем веќе стана навика да прима фантастични погодоци во квалификациите откако минатиот четврток во Скопје, Нафиу со бомба го стрече тимот на Мурињо.

Погодокот на Чери можете да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести