Екипата на Тотенхем може да се нареди во редот на оние кои разочараа сезонава. Лондонскиот тим кој лани играше во финалето од Лигата на шампиони, во новата сезона нема да биде дел од европската елита. Во пресрет на последното коло, Тотенхем ќе се бори за петото место на табелата, кое води во Лигата на Европа.
Моментно Тотенхем има еден бод помалку од Вулверхемптон, кој ќе има тешка задача на гостувањето кај Челзи. Доколку Вулверхемптон не победи на „Стемфорд Бриџ“, за што реално се мали шансите, Тотенхем со триумф на гостувањето кај Кристал Палас ќе биде петопласиран на крај.
Тотенхем на крајот од сезоната влезе во одлична форма и во последните шет меча освои 13 од можните 15 поени. Тренерот Жозе Мурињо е разочаран затоа што нема барем уште две кола до крајот затоа што така Тотенхем ќе се борел за место во ЛШ.
„Тимот во овој момент е силен и немаме проблеми со повредени играчи. Чувството ми е дека ако сезоната беше нормална, без проблем ќе се пласиравме во ЛШ. Вака сега ни фалат уште два-три меча за да бидеме на посакуваната позиција“, вели Мурињо.
Португалецот го превзема тимот по 12 одиграни кола кога Тотенхем беше на 14-тото место на табелата. Лондонскиот тим може и со реми да биде петтопласиран ако Вулверхемптон загуби на гости кај Челзи.
Сите коефициенти од мечевите во последното коло на ЛШ може да ги најдете на Sport Life.