Мурињо секогаш се грижи за своите играчи, веднаш се јавил кај семејството на Едоардо Бове

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, сериозно се загрижил поради колабирањето на играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, поради што натпреварот со Интер беше прекинат.

Фиорентина излезе со охрабрувачко соопштение за состојбата на Бове и потврди дека играчот се чувствува подобро, со што го намалија стравот околу неговото здравје.

Мурињо, кој е поранешен тренер на Рома, бил шокиран од ситуацијата. Тој стапил во контакт со родителите на Бове, им ги пренел своите желби за брзо закрепнување и добил уверување дека младиот италијански репрезентативец е во стабилна состојба.

Покрај тоа, Мурињо разговарал и со играчот на Арсенал, Рикардо Калафиори, кој е близок пријател на Бове.

Како што е познато, Бове беше промовиран во првиот тим на Рома токму од Мурињо, при што одигра најголем број натпревари под негово водство – 72. Тие заедно ја освоија Конференциската лига во 2022 година, а една година подоцна стигнаа до финалето на Лигата на Европа, кое го загубија од Севиља.

- Оглас -

Најнови вести