Мурињо: Шкендија е добар тим, стравувавме за победа

Жозе Мурињо ја пофали Шкендија и вели дека стравувале за победа во Скопје, што на крајот сепак ја оствари Тотенхем со 3:1 за пласман во финалето во квалификациите за Лигата на Европа.

„Шкендија е добар тим и во еден момент стравуваме за победата. Сепак, моите фудбалери реагираа одлично и заслужено сме во следната фаза. Почнавме добро и си помисливме дека ќе биде лесно, но не беше така. Убаво е да се победува во серија, а ние имаме три победи на гости и во одлично расположение продолжуваме понатаму“, рече Мурињо на прес-конференцијата по мечот.

Тотенхем ја победи Шкендија со головите на Ламела во првото полувреме и на извонредниот напаѓачки тандем Сон и Кејн во второто полувреме.

Шкендија одигра добри 15 минути од стартот на второто полувреме и со најубавиуот гол на мечот, дело на Валмир Нафиу во 55-тата минута успеа да израмни, но не и да ги издржи налетите на англискиот гигант.

Тотенхем на први октомври ќе игра против Макаби во Хаифа во меч за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа, а Шкендија се прости од европските натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести