Фудбалерите на Фенербахче со 3:1 славеа над Газијантеп во 14-тото коло на турската Суперлига, а повторно во фокусот на вниманието беше Жозе Мурињо. Тренерот на турскиот гигант му беше многу лут на својот помошник Зекија Мурат Гуле, кој се радуваше на погодокот на Фенербахче за водство од 2:1.
Додека фудбалерите на Фенербахче славе, со нив се радуваше и помошниот тренер, а потоа се појавува Мурињо ,кој агресивно го влече својот соработник да го оттрге од местото на славење.
Според турските медиуми, оваа реакција на Мурињо е таква затоа што легендарниот тренер при водство на неговиот тим од 2:1 сакал да направи промена во дефанзивниот систем и токму неговиот помошник требало да ги пренесе замислите на фудбалерот кој се подготвувал да влезе во игра.
На крајот, Фенербахче победи со 3:1 и тимот стигна до 32 бода, само три помалку од лидерот Галатасарај.
😲😲 El vídeo viral de Mou devolviendo a su asistente al banquillo a rastras durante la celebración del gol de Becao durante el triunfo del Fenerbahce ante el Gaziantep
📹 @SaracogluSports pic.twitter.com/HssgEpDoEm
— MARCA (@marca) December 4, 2024