Рома ја победи Монца со 1-0, со гол на Стефан Ел Шарави во 90-та минута, па многу му олесна на тренерот Жозе Мурињо кој беше под притисок. Рома цело второ полувреме имаше човек повеќе на терен, но дури во финишот го најде патот до мрежата на гостите.
Мурињо бурно го прославуваше голот, а потоа и претера, на тренерот на гостите, Рафаеле Паладино, му гестикулираше плачење, па доби црвен картон и ќе добие суспензија, што значи дека нема да ја води Волчицата на гостувањето кај Интер, клубот со кој пред 13 години ја освои Лигата на шампионите.
https://twitter.com/i/status/1716068695842124001
Еве поради што Мурињо беше исклучен:
https://twitter.com/i/status/1716070955489857771