Мурињо: Сити во четвртфиналето ќе игра со Порто или Ајакс

Жозе Мурињо, чие име се поврзува со можно враќање во Реал Мадрид, привремено работи како телевизиски аналитичар и стручен коментатор, а во анализата за Лигата на шампионите, смета дека тим со најмногу среќа е Манчестер сити.

„Манчестер сити има добра сезона, но искрено мислам дека имаат многу среќа во ждрепките. Видете прво во каква група беа, а сега во осминафиналето го добија Шалке. Сега предвидувам дека ќе го елиминираат Шалке и потоа во четвртфиналето ќе им се паднат Порто или Ајакс“, изјави 56-годишниот Португалец.

Познато е дека Мурињо додека го водеше Реал, имаше тешки битки со Пеп Гвардиола, кој тогаш беше во Барса, а сега е на клупата на Сити. Што се однесува до реваншот на Реал и Ајакс, Мурињо смета дека мадриѓаните биле психолошки нестабилни, што придонело за поразот, а исходот ќе бил поинаков ако Рафаел Варан дадел гол за 1-0 во втората минута, кога ја погоди стативата.

- Оглас -

Најнови вести