Мурињо: „Скокаа како мајмуни по судиите“, Галатасарај: „Ќе го пријавиме во ФИФА и УЕФА“

Галатасарај и Фенербахче одиграа меч без голови, но и покрај тоа, во Турција не може без хаос кога играат овие екипи. Жозе Мурињо по мечот имаше контроверзна изјава за противникот, кога рече: „Скокаа како мајмуни на секоја судиска одлука“.

Тоа не им се допадна во Галатасарај, па следуваше соопштение во кое се заканија дека ќе поднесат кривична пријава за Португалецот за навреда, но и дека ќе го пријават во ФИФА и УЕФА.

„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, постојано го навредува турскиот народ. Тоа го прави откако е дојден тука. Денес продолжи со нехуманите и неморални изјави. Сакаме да ве известиме дека ќе поднесеме кривична пријава против него, а ќе се обратиме и до ФИФА и до УЕФА поради расистичките изјави на Жозе Мурињо“, се вели во дел од соопштението на Галатасарај.

Генералниот секретар на Галатасарај, Ерај Јазган, отиде уште подалеку и побара сите да се оградат од Мурињо, почнувајќи од неговиот клуб, Фенербахче.

„Очекувам рекација на Фенербахче, навивачите на овој клуб, оние на Галата, Бешикташ, Коња, Трабзон … Сите треба да искажат протест и да направат сè за оваа личност да ја добие својата казна. И новинарите треба да реагираат. Очекуваме реакција од сите кои се чувствуваат како Турци. Мене гласот ми трепери, лут сум“, рече Јазган.

- Оглас -

Најнови вести