Рома со 1:0 победи на гости кај Торино, победа која ја однесе Римската волчица на третото место на табелата во Серија А. Сега Рома е пред Милан и Интер во трката за озиција која води во Лигата на шампионите, а по завршување на мечот, тренерот Жозе Мурињо имаше оригинална изјава.
„Трети сме на табелата? Сигурни ли сте дека Јувентус нема 59 бодови? сепак сме во Италија“, рече Мурињо алудирајќи на 15-те одземени бодови на Јувентус.
Што се однесува до победата над Торино, португалскиот стратег даде логичен одоговор.
„Мечот се добива ако успееш да постигнеш барем еден гол повеќе од противникот. Нема разлика дали тоа е победа со 5:4 или 1:0. Кој ќе постигне гол повеќе, тој победува. Нашата цел останува иста, а тоа е што е можно повеќе да победуваме, да го користиме расположливиот квалитет и да се обидеме да ги скриеме слабостите“, рече Мурињо во анализата по победата над Торино.