Мурињо: „Со него во нападот сигурно ќе го освоев трофејот, но ме отпуштија шест дена пред финалето“

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, во својата кариера освои се што можеше да се освои. Сепак, со екипата на Тотенхем не успеа да дојде до трофеј иако се пласираше во финалето на Лига купот на Англија.

„Хари е фантастичен, комплетен играч кој постигнува голови од сите страни на теренот, но не е себичен, криера голови, знае и да асистира. Сепак, му недостасуваат трофеи. Беше мој играч во Тотенхем и со него ќе освоев трофеј, но добив отказ на шест дена пред финалето.“ – вели Мурињо за Хари Кејн.

Мурињо со Тотенхем дојде до финалето од англискиот Лига куп, но на шест дена пред финалето доби отказ, па Тотенхем загуби со 1-0 од Манчестер сити во финалето.

- Оглас -

Најнови вести