Жозе Мурињо повторно беше во центарот на вниманието на мечот меѓу Рома и Верона кој заврши 2:2.
Португалецот во самата завршница од средбата доби црвен картон и мораше да биде испратен на трибините по непристојниот гест кон главниот судија, Лука Паирето. Португалецот му гестикулираше како комуницира телефонски, потсетувајќи го дека таткото на главниот арбитар, Пјерлуиџи беше вмешан во Калчополи.
Пјерлуиџи исто така своевремено беше делител на правдата во Серија А, но, неговата кариера заврши во моментот кога италијанските власти ја открија оваа голема измама која што ја потресе оваа земја.