Манчестер сити со победата над Нотингам форест ја прекина црната серија и се врати на победничките патеки, а Пеп Гвардиола по поразот од Ливерпул со шест прста кренати во воздух им одговори на навивачите на Црвените, кои му скандираа дека ќе добие отказ.
Тоа се случи и со Жозе Муњиро, кој со три прста во воздух покажуваше кон навивачите на Челзи и Тотенхем, а Гвардиола рече дека за разлика од Португалецот, тој има шест трофеи и не може така да го избркаат.
Сепак, на ова не остана должен и Жозе Мурињо, кој му одговори во свој стил.
„Јас моите трофеи ги освоив чисто и чесно. Кога ќе изгубев, му честитав на противникот кој бил подобар од мене. Не сакам да победувам, а да имам 150 тужби“, рече Мурињо.