Не стивнуваат реакциите по отказот на Чаби Алонсо од Реал Мадрид. Кралскиот клуб на местото на Алонсо го назначи Алваро Арбелоа и тој ќе биде предводник до крајот на сезоната. Потоа, Реал ќе бара нов тренер.
Многу шпекулации има за тоа кој може да седне на клупата на Кралскиот клуб, а некои најавуваат дури и враќање на Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е на чело на Бенфика и јасно порача дека враќање на „Сантијаго Бернабеу“ не е опција за него.
„Немојте да сметате на мене за сапуници. Постојат добри сапуници, но иако се добри, ако пропуштите само една или две епизода и ќе пропуштите се. Немојте да сметате на мене затоа што јас не гледам сапуници“, вели во свој стил Мурињо.
Мурињо беше тренер на Реал Мадрид во период од 2010 до 2013 година, а под негово водство Кралевите имаат по една титула во првенството, една во Купот на Шпанија и една во Суперкупот на Шпанија.

