Мурињо со забрана: Играчите на Тотенхем не смееја да го гледаат хоророт наречен Баерн во Лондон

Тотенхем вечерва гостува кај Баерн во Минхен, во меч кој не решава ништо во групата Б. Без разлика на резултатот, Баерн Минхен е сигурно прв, а Тотенхем ќе остане на втората позиција. Сепак, мотивот нема да недостасува кај двете екипи.

Баварците ќе сакаат да ја задржат перфектната низа и да стигнат до шестиот триумф во шестиот меч, нешто што не му успеа на ниту еден друг тим сезонава. Тотенхем е со желба да го поправи впечатокот во дуелите со Баерн. На првиот меч на овие две екипи сезонава, Баерн го демилираше англискиот тим со 7:2 во Лондон.

Кога Тотенхем загуби со 7:2 од Баерн, на клупата на лондончани беше Маурисио Покетино, кој подоцна доби отказ, а на негово место беше назначен Жозе Мурињо. Токму португалскиот стратег дал една наредба до сите негови играчи, а тоа е ниту еден играч да не смее да ја гледа снимката од дуелот во Лондон.

„7:2? Забранив за какво било размислување и зборување за тој меч. Неколку пати со моите соработници го гледав тој натпревар и се обидувавме да ги најдеме грешките и да ги поправиме. Се обидовме да поминеме низ секој детал на дуелот, но ниту еден играч не смееше да ја гледа таа снимка од мечот. Повеќе сме фокусирани на нашата игра отколку на тоа што игра Баерн Минхен“, рече Мурињо пред дуелот во Минхен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести