Жозе Мурињо имаше полни раце работа, да ги смири страстите и недоразбирањата меѓу Уго Љорис и Сон Хеунг-мин и успеа во мисијата, што е победничка и за него и славеничка.
Вечерва Тотенхем го победи Евертон со 1:0, што е 200-ти триумф на Мурињо како тренер на англиски клуб. Специјалниот стигна до двестотката во 326 натпревари во Англија, што е втор најбрз ефект до Клубот 200.
Пред него е само легендарниот стратег на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој се зачлени во Клубот 200 на 322-риот меч на клупата на Црвените ѓаволи.
За разлика од Мурињо, кој беше менаџер на неколку англиски клубови, меѓу кои и на Манчестер јунајтед, претходно и на Челзи, а потоа и на Тотенхем, Фергусон беше тренер само на Црвените ѓаволи од Манчестер.