Жозе Мурињо ставви крај на шпекулациите за можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Фенербахче. Турските медиуми веќе со денови пишуваат дека тандемот Мурињо – Роналдо ќе се обедини повторно крај Босфорот, но Португалецот ги демантира и вели дека ништо од тоа.
„Кристијано Роналдо дефинитивно нема да дојде. Првата причина е тоа што имам три одлични напаѓачи и не ми треба уште еден. Кристијано секогаш ќе биде Кристијано, но јас сум задоволен од фудбалерите кои ги имам. Втората работа се парите кои ги заработува во Саудиска Арабија, како и неговата цел да дојде до 1.000 гола. Што би го мотивирало да дојде во Турција, освен преубавиот Истанбул? Инаку, воопшто не сум фан на тој јануарски преоден рок, бидејќи на играчите секогаш им е потребно време да се вклопат во екипата.“ – вели Мурињо.