Мурињо тактички „го уби“ Гвардиола, Тотенхем славеше против Сити

Тотенхем со 2:0 го победи Манчестер сити во дербито на 9. коло од Премиер лигата. Ова најмногу се најавуваше како дуел на двата тренери, Жозе Мурињо против Пеп Гвардиола, а португалскиот стратег го доби тактичкото надмудрување.

Ако се гледа статистиката, Сити имаше 67 отсто посед на топка (две третини), гостите ушатија дури 22 шута кон голот на Тотенхем, изведоа 10 корнери, но не постигнаа ниту еден гол. На другата страна, Тотенхем со 33 отсто посед на топка, со само два шута во рамките на голот на Сити и без ниту еден изведен корнер, постигнаа два гола за победа на свој терен.

Уште во петата минута Сон искористи одлична топка и го матираше голманот на гостите за водство од 1:0. Во 65 минута, Мурињо во игра го внесе Ло Селсо, кој само 30-тина секунди подоцна, со првиот допир на топката погоди за 2:0 за Тотенхем.

Со овие три бода, Тотенхем сега е нов лидер во Премиер лигата со 20 бодови, два повеќе од Челзи. Сити остана со 12 бода по осум одиграни средби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести